EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Целосна реконструкција на детска градинка „Пепелашка“, и реконструкција на водовод на улица „Велешка“, општина Центар

ЦеПроСАРД започна со изработка на физибилити студија, документ за оправданоста на проектот “Целосна реконструкција на детска градинка „Пепелашка“, и реконструкција на водовод на улица „Велешка“, општина Центар. На 18.02.2010-та година, претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ја посетија општина Центар. Во текот на посетата беа остварени одделни средби со градоначалникот на Општината г-н. Саша Богдановиќ, членови на општинскиот совет како и со граѓани од населените места во општината. Од граѓаните од населените места во општината и советниците од општинскиот совет беа формирани фокус групи со кои беа водени интервјуа. Целта на фокус групите беше утврдување на реалните потреби од реализација на проектот во општина Центар. По интервјуто направено со градоначалникот, активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба.

Проектот ќе се финансира со заем од Меѓународната банка за инвестиции и развој (Светска банка), преку МСИП 1 проектот за подобрување на општинските услуги.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap