EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЦеПроСАРД заедно со Центарот за развој на Полошкиот Плансски Регион овозможи да се одржи Основачкото собрание на ЛОКАЛНА АКЦИСКА ГРУПА - ЛАГ ПОЛОГ ЛИДЕР

На 24.01.2019 година ЗГ ЦеПроСАРД заедно со Центарот за развој на Полошкиот Плански Регион го организираше Основачкото собрание на ЛАГ “Полог - Лидер“. ЛАГ-от Полог Лидер го сочинуваат граганските организации, бизнис секторот и институциите кои работат и припаѓаат во рамки на општините Тетово, Желино и Брвеница

На настанот г-ѓа Соњица Ѓорѓиевска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го образложи значењето, сегашната состојба со ЛАГ-овите во РМ и идните стратешки развојни политики на МЗШВ во оваа област. По исцрпните одговори на поставенте прашања од основачите на ЛАГ-от , претставниците на МЗШВ го напуштија настанот. Г-дин Фатмир Саити директор на Центарот за развој на Полошкиот Плански регион беше избран за Претседавач на Оснивачкото Собрание и ја водеше седницата во согласност со доставената Агенда. Претставници на локалните единици на Општина Тетово, Општина Брвеница, и општина Желино, како и претставниците од граѓанскиот и бизнис секторот дадоа свој придонес и покажаа исклучителна соработка со адвокатот г-дин Дарко Џартовски за формирање на ЛАГ-от.

Овој настан се спроведе во рамките на проектот „Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи - ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ“ - (BUILDLAG).

Проектот е финансиран од ЕУ


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap