EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Обука за мониторинг на кафеава мечка (Ursus arctos), рис (Lynx lynx) и волк (Canis lupus) организирана во Битола од ЦеПроСАРД и НП Пелистер, на 05 и 06 Декември 2018.

На 05 и 06 декември 2018, во хотелот Капри во Битола, ЦеПроСАРД организираше обука за мониторинг на кафеава мечка (Ursus arctos), рис (Lynx lynx) и волк (Canis lupus) за вработените во НП Пелистер.

Обуката беше организирана во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“ како дел од пакетот активности за мониторинг на крупни месојади. На обуката и претходеше набавка и инсталација на 10 фото-замки и друга компјутерска опрема.

За првиот ден од обуката, искусните предавачи, Александар Стојанов и Александар Саров подготвија теоретски предавања и презентации, додека вториот ден се изведе практична обука на локациите на кои се поставени фото-замките.

Проектот е дел од Програмата за подобување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap