Oд 20 до 23 Ноември, 10 учесници од Македонија, заедно со 2ца претставници од ЛАГ Уна, Хрватска остварија студиска посета во Гранада, Шпанија во рамки на проектот - Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи - ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ.
Во текот на студиската посета, учесниците имаа состанок со претставник на Регионалното министерство за Земјоделство и рурален развој кој е одговорен орган за функционирањето на локалните акциски групи во регионот. Исто така,групата имаше состаноци со претседателите на повеќе локални акциски групи во регионот - ЛАГ ALTIPLANO (База, Гранада); ЛАГ COMARCA DE GUADIX (Гуадикс, Гранада) и ЛАГ Lecrin - Temple-Costa каде заедно дискутираа околу начинот на фукнционирањето на локалните акциски групи и имплементацијата на ЛИДЕР пристапот. Во рамки на студиската посета, групата теренски посети и повеќе локални бизниси со цел директно да ја согледа и разбере важноста од соработката помеѓу локалните акциски групи и приватниот сектор и нејзините придобивки.
|
|