EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЦеПроСАРД во соработка со Министерство за здравство започнува со изработка на база на податоци за потрошувачката на енергија на болниците во Република Македонија

Во рамки на проектот ZeNH Balkan - Болници со енергија блиску до нула во Балканскиот регион на 27.11.2018 претставници од тимот на ЗГ ЦеПроСАРД и Министерството за здравство, одржаа состанок во просториите на министерството. Целта на состанокот беше креирање на база на податоци за постоечката состојба и потрошувачката на енергија на болниците во РМ.

Проектот ZeNH Balkan - Болници со енергија блиску до нула во Балканскиот регион, партнерски се имплементира од: Democritus University of Thrace како лидер на проектот и партнерските организации CeProSARD од Република Македонија; Albaforest - Centre for Forest Studies and Consulting од Република Албанија; Sofia Energy Centre Ltd од Република Бугарија и The Cyprus Institute Ltd од Република Кипар.

Овој проект е финансиран од Европската Унија


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap