EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Претставниците од ЦеПроСАРД и претставниците од Министерство за здравство заеднички учествуваа на технички семинар „Симулација на енергијата на зградите“ на и по проектот “Згради со енергија близу до нула” ZeN H- Balkan

Во рамки на проектот ZeNH Balkan - Болници со енергија блиску до нула во Балканскиот регион од 13.11.2018 до 14.11.2018 во Софија, Бугарија се одржа технички семинар на кој присуствуваа претставници од Министерството за здравство и ЦеПроСАРД во рамки на проектот ZenH Balkan и престојните енергетски контроли на болниците .
На учесниците на техничкиот семинар им беше претставен техничкиот концепт на згради со енергија близу до нула, а потоа учесниците беа запознаени со различни софтвери за симулација на градбите, влијанието на осветлувањето, како и проценка на животната средина, придружено со влијание на финансиските параметри во зависност од преземените акции.
Проектот е имплементиран од: Democritus University of Thrace, лидер на проектот и партнерските организации CeProSARD; Albaforest - Centre for Forest Studies and Consulting од Албанија; Sofia Energy Centre Ltd од Бугарија и The Cyprus Institute Ltd од Кипар.

Овој проект е финансиран од Европската Унија.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap