EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЦеПроСАРД дел од програмата на училишниот патронат на СГГУ Здравко Цветковски

На 06.11.2018 година тимот на ЦеПроСАРД беше дел од програмата на овогодинешниот училишен патронат на СГГУ “Здравко Цветковски“ чија програма беше во духот на заштитата на животната средина, со порака “Мисија Воздух - Диши длабоко“.

Со хорска изведба, краток филм и статија “Природата или ние - кој е поголемиот виновник за аерозагадувањето?“, како и ревија на модели изработени од ученици со рециклиран материјал, учениците го покажаа својот интерес, желба и волја за иницирање промена во општеството кон оваа тематика.

ЦеПроСАРД ги презентираше своите активности како експертска организација од секторот, со надеж за придонес кон подигање на свеста кон значењето за заштитата на животната средина на присутните.

На настанот исто така беа доделени сертификати за првите сертифицирани оџачари преку програма од Центарот за образование на возрасни.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap