EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Здружението на граѓани ЦеПроСАРД со свој претставник учествуваше на Втората работилница за планирање на стратегија на мрежата на иницијативи и организации

Во рамки на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, во периодот од 18 до 21 октомври во хотел Мираж, Струга се одржа втората работилница за стратешко планирање. На работилницата присуствуваа претставници на организациите кои се дел од Мрежата на иницијативи на граѓански организации за животна средина меѓу кои е и Здружението на граѓани ЦеПроСАРД.

На оваа работилница се направи Стратегија и акционен план на Мрежата на иницијативи на граѓански организации за животна средина.

Проектот се имплементира од Здружение на Граѓани Милиеуконтакт Македонија и е финансиран од страна на Европската Унија.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap