EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Заеднички координативен состанок на претставниците на Министерство за здравство и проектниот тим на ЦеПроСАРД по проектот “Згради со енергија близу до нула” ZeN H- Balkan

Во рамки на проектот ZeNH Balkan - Болници со енергија блиску до нула во Балканскиот регион на 26.09.2018 во просториите на Министерството за здравство се одржа координативен Состанок за активностите на ЗГ ЦеПроСАРД и МЗ во врска со проектот ZenH Balkan и престојните енергетски контроли на болниците .
На состанокот беше донесен заклучок по анализа на стручните служби од МЗ да бидат номинирани повеќе болници за изработка на енергетски контроли. Од овие номинирани болници една ќе биде селектирана за детална енергетска контрола и две за енергетски преглед. Селекцијата ќе ја направи тимот на градежното одделение во МЗ во согласност со проектните ограничувања и насоките добиени од проектните партнери во проектот.
Проектот е имплементиран од: Democritus University of Thrace, лидер на проектот и партнерскирте организации CeProSARD; Albaforest - Centre for Forest Studies and Consulting од Албанија; Sofia Energy Centre Ltd од Бугарија и The Cyprus Institute Ltd од Кипар.

Овој проект е финансиран од Европската Унија.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap