EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЗГ ЦеПроСАРД – со свој претставник учествуваше на работилницата за планирање на стратегија на мрежата на иницијативи и организации

Во рамките на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, на 21, 22 и 23.09.2018година, се реализираше првата работилница за стратешко планирање. Оваа работилница на која учествуваше Александар Авросиевски како претставник на ЗГ ЦеПроСАРД, им обезбеди на учесниците работно познавање на процесот на изготвување на стратегијата на новоформираната мрежа во која што беа поканети да членуваат, преку запознавање на организациите со методолошкиот пристап за изготвување на стратегијата, дефинирање мисија и визија на стратегијата како и дефинирање стратешки области и приоритети.
Проектот се имплементира од Здружение на Граѓани Милиеуконтакт Македонија и е финансиран од страна на Европската Унија


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap