EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЦеПроСАРД - учесник на настанот „Потпишување на договорите за национално кофинансирање од ИПА II Програмата за прекугранична соработка Косово – Македонија 2014-2020“

Во просториите на Клубот на пратеници се одржа настанот за потпишување на договорите за национално кофинансирање помеѓу Министерството за локална самоуправа и грантистите на ИПА програмата, на кој присуствуваше ЦеПроСАРД како еден од добитниците на грантовите од програмата за проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“. На собирот поздравно обраќање имаше министерот за локална самуправа Сухејл Фазлиу, како и претставникот на ДЕУ – Скопје, по што следеше официјално потпишување на договорите. Како дел од настанот, секој од грантистите одржа и куса презентација на својот проект.
Проектите се финансирани од Европската Унија од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ ИПА II помеѓу Македонија и Косово.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap