EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Партнерите на проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“ одржаа прв состанок во просториите на ЦеПроСАРД, Скопје

На 06.06.2018 година, проектните партнери одржаа иницијален состанок по проектот „ Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“.

На состанокот присуствуваа претставници на ЦеПроСАРД како водечка организација, како и претставници на партнерските институции - Општина Тетово и Regional Development Agency South од Косово.

Проектот кој е поддржан од Европската Унија, со времетраење од 24 месеци започна на 15 мај 2018 година. Проектот се спроведува во рамките на ИПА Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Косово.

Акцијата “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“ има за цел да го поддржи економскиот раст и социјалната кохезија, преку активности со кои ќе се зголемат туристичките капацитети во Шарскиот регионот на територијата за кои се назначени проектните активности.

Проектот има за цел да придонесе во развојот, промовирањето и презентацијата на локалниот и регионалниот туризам преку иновативни пристапи и системи за подобро рурално и еколошко искуство. Проектните активности предвидуваат поставување на мрежно поврзани паметни туристички информативни центри (СТИК), кои ќе имаат капацитет на собирање, користење и пренос на знаења за туристичкиот потенцијал на Шар Планина, како и подобрена презентација на туристичките потенцијали на прекуграничниот регион, со користење на современи Е-системи и заеднички соработка.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap