EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржан состанок во општина Желино во рамки на проектот “BUILDLAG“

Во рамки на проектот “Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи - ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ (BUILDLAG)“ на 05.06.18 се одржа состанок во општина Желино со цел започнување на процесот на креирање ЛАГ помеѓу општините Желино, Тетово и општина Брвеница, во Полошкиот плански регион.

На состанокот присуствуваа градоначалникот на општина Желино - г-дин Блерим Сејдиу, директорот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион г-дин Фатмир Саити и г-ѓа Светлана Петровска од ЦеПроСАРД.

Проектот има за цел зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијации и локални власти преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ). Целни групи на проектот се македонски рурални невладини организации, бизнис асоцијациите, како и локалните власти. Вклучувањето на сите чинители во проектот ќе овозможи развој и нивно унапредување, ќе поттикне партнерства за заеднички активности и ќе значи придонес кон глобалните процеси во оваа област.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap