EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Повик за ангажирање дизајнер за развој на визуелен идентитет на проект

ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“ поддржан од UNDP

објавува повик за ангажирање
ДИЗАЈНЕР ЗА РАЗВОЈ НА ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ НА ПРОЕКТОТ

Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на заштитата на животната средина.

Во Мај 2018 започна имплементацијата на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“ кој е со времетраење од 15 месеци.

ЦеПроСАРД бара креативнo и одговорно лице, искусно во областа на графичкиот дизајн, кое за потребите на овој проект ќе развие визуелен идентитет на проектот, и тоа:
- лого,
- меморандум,
- темплејт за PPP
- палета на бои

Апликантите треба да имаат најмалку 5 години искуство во графички дизајн. Заради специфичните правила за видливост, предност имаат лица со претходно искуство на проекти спроведувани со поддршка на меѓународни организации и донатори, со особен акцент на проекти поддржани од Европската Унија или организации на UN.

Заинтересираните лица ги замолуваме да достават CV со референтна листа на претходно успешно реализирани проекти на info@ceprosard.org.mk или во канцеларијата на ЦеПроСАРД.

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: ivana.petkanovska@ceprosard.org.mk

Краен рок за аплицирање: 8 јуни 2018 година.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap