EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Претставник на ЦеПроСАРД ја посети обуката Односи со јавност и манаџирање на комуникација со социјални медиуми во рамки на проектот “Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“

Во хотел “Монтана“, Крушево од 7-9 мај се одржаа дводневни обуки на кои 20 учесници од невладиниот сектор ги зајакнаа своите способности од областа на односите со јавност и социјалните медиуми.

Учесниците ги разменија своите искуства, практики и разговараа за предизвиците и улогата на односите со јавноста врз имиџот на организацијата, како и правилната комуникација на социјалните медиуми како алатки во стратешката комуникација.

Обуката беше една од одбраните теми кои се разработуваат во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“. Учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки и вклученоста на граѓанското општество во развој и креирање на локални и регионални политики се основата на која се заснова проектот, а оттука главната цел на проектот е зголемување на влијанието на локалните граѓански организации во процесите на донесување на одлуки, со крајна цел за обезбедување на позитивни социјални промени. Проектот е спроведуван од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Институтот за развој на заедницата – Тетово и Ценнтар за одржлив развој „АЛКА“ – Скопје.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap