EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Претставници од Министерство за здравство на РМ и од тимот на ЦеПроСАРД на работилница “Згради со енергија близу до нула” и на семинар “Паметни, одржливи градови” во Никозија – Кипар

Во рамки на проектот ZeNH Balkan - Болници со енергија блиску до нула во Балканскиот регион на 9 мај, 10 мај и 11 мај.2018 се одржа работилница на тема “Згради со енергија близу до нула ” и семинар на тема “Паметни одржливи градови”.
На работилницата и семинарот присуствуваа претставници од Министерството за здравство на Република Македонија и претставници од тимот на ЦеПроСАРД. Настанот е во организација на проектниот партнер од The Cyprus Institute Ltd од Кипар.
Учесници на настанот се организациите кои го имплементираат проектот и тоа: лидер партнерот од проектот Democritus University of Thrace, претставници од партнерскирте организации CeProSARD; Albaforest - Centre for Forest Studies and Consulting од Албанија; Sofia Energy Centre Ltd од Бугарија и The Cyprus Institute Ltd од Кипар, претставници од Министерствата за здравство , институтите и засегнатите организации кои работат во областа на енергетската ефикасност од земјите во кои се имплементира проектот.
Генерален заклучок од настанот е дека клучните актери заеднички ќе делуваат во спроведувањето на проектните активности за олеснување на имплементацијата на ревидираната директива за енергетски карактеристики на згради (Energy Performance of Buildings Directive - EPBD) преку дефинирање на карактеристиките и стандардите за нулта енергетски болници во регионот на Јужен Балкан.
Координатор на проектот е:
Democritus University of Thrace, Department of Environmental Engineering

Покрај CeProSARD партнери на проектот се :
1. Albaforest - Centre for Forest Studies and Consulting, Albania
2. Sofia Energy Centre Ltd, Bulgaria
3.1The Cyprus Institute Ltd,Cyprus

Овој проект е финансиран од Европската Унија.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap