EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ПОВИК ДО ГРАЃАНСКИTE ЗДРУЖЕНИЈА ОД ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
КОИ РАБОТАТ ВО ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ ВО РУРАЛНИТЕ ОБЛАСТИ
да учествуваат во проценката на нивните капацитети и потреби за обука

Здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД во соработка со партнер организациите ASAHA GRANADA од Шпанија и LAG UNA од Хрватска го спроведуваат проектот: „ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНИТЕ АКЦИСКИ ГРУПИ - ЛАГ ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ (BUILDLAG)“, финансиран од Европската Унија во рамки на National Programme for Transition Assistance and Institutional Building 2013, Instrument for Pre-Accession Assistance.
.
Проектот има за цел зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу руралните невладини организации, бизнис асоцијациите и локалните власти преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ).
Повеќе информации за проектот се достапни на следниот линк: http://www.ceprosard.org.mk/MK/zrr_p7.aspx

Активностите на проектот кои се однесуваат на зајакнувањето на капацитетите на целните групи, покрај организација на информативен настан и 3 тркалезни маси опфаќаат и

- Обука „по мерка“ за граѓанските организации согласно нивните капацитети и потреби, и
- Студиска посета на ЛАГ-ови во Шпанија како земја членка на ЕУ.

Тренинг модулите за планираната обука ќе се креираат врз основа на резултатите од анализата на фактичката состојба за капацитетите и потребите на граѓанските организации

Ги покануваме заинтересираните граѓански организации да земат учество во оваа анализа, преку пополнување на ПРАШАЛНИКОТ.

Услов за учество на заинтересираните здруженија на граѓани е истите да се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации (Службен Весник на Република Македонија бр.52/2010 и 135/2011), најмалку две години.

Обуката за граѓанските организации е планирана за втората половина на март 2018, додека студиската посета ќе се реализира во третото тромесечие од 2018 година.

Краен рок за доставување на пополнетите прашалници е 15.03.2016 година.
Истите се доставуваат електронски на следните e-mail адреси: info@ceprosard.org.mk и aleksandar.avrosievski@ceprosard.org.mk.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap