EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЦеПроСАРД започна со имплементација на проектот ZeNH Balkan - Кон нулa енергетски болници во Балканскиот регион

Проектот ZenH Balcan е поддржан од Секретаријатот на Европската комисија, проект INTERREG, Солун - Грција, со траење од декември 2017 до ноември 2019 година.

Проектот има за цел да ја олесни имплементацијата на ревидираната директива за енергетски карактеристики на згради (Energy Performance of Buildings Directive - EPBD) преку дефинирање на карактеристиките и стандардите за нулта енергетски болници во регионот на Јужен Балкан. Проектот ќе придонесе кон подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор - болниците. Болничките згради се сметаат за комплексни системи бидејќи поседуваат неколку енергетски интензивни функции (системи на греење и ладење кои треба да обезбедат строги услови на комфор, висока побарувачка за топла вода и сл.).

Координатор на проектот е:
Democritus University of Thrace, Department of Environmental Engineering

Покрај CeProSARD партнери на проектот се :
1. Albaforest - Centre for Forest Studies and Consulting, Albania
2. Sofia Energy Centre Ltd, Bulgaria
3.1The Cyprus Institute Ltd, Cyprus

Очекувани резултати се:
- Подготовка на стандарди и упатства за ЕЕ на болници за ZenH;
- Подобрување на техничкиот капацитет на професионалните групи и владините службеници кон концептот на ЕЕ објекти;
- Подготoа на детална анализа и тестирање на поставените моделите за подобрување на 7 болнички згради во блиску до нула енергетски згради - NZEB кои ќе бидат подготвени да бараат финансиски сретства за нивнa имплементација.

Овој проект е финансиран од Европската Унија.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap