EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Адаптација на постоечки општински објекти во детски градинки во две рурални населени места во општина Струмица со средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура

Заради изработка на документ за оценка на проектот “Адаптација на постоечки општински објекти во детски градинки” во две рурални населени места во општина Струмица, на 30.11.2017година претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ангажирани од МСИП проектот при Министерството за Финанси ја посетија општина Струмица. Беа остварени одделни средби со градоначалникот на општината г-дин Коста Јаневски, членови на општинскиот совет, граѓани од населените места Куклиш и Муртино и општинската администрација. Целта на разговорите беше утврдување на реалните потреби од адаптација на општински објекти во градинки во руралните населени места Куклиш и Муртино. По интервјуата направени со фокус групите, активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба. Адаптацијата на постоечките општински објекти во градинки на локации во непосредна близина на постоечки основни училишта овозможува функционално решавање на просторот и згрижување на 70 деца. Ова е најбрзиот начин да се обезбедат квалитетни објекти со подобрена топлинска и хидро изолација и структура на организациони единици за згрижување на децата од 2 до 6 години. Во исто време, адаптацијата на постоечките објекти со користење на мерки за топлинска изолација е во согласност со стратешката определба за енергетска ефикасност на општина Струмица. Целокупната организација на средбата беше реализирана преку соработката на тимот на ЦеПроСАРД со г-дин Панче Беџовски од Секторот за Локален Економски развој од општината. Дел од сретствата за реализација на проектот ќе се обезбедат од компонентата инвестициски грантови од ИПА од страна на ЕУ, преку МСИП проектот за подобрување на општинските услуги. Останатиот дел од сретствата за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст во руралните населени места Куклиш и Муртино, Општина Струмица ќе ги обезбедени од буџетот на општината.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap