EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ОБУКИ ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

ЦеПроСАРД, како обучувач реизбран за спроведување Обуки за енергетски контролори како и за Обуки за усовршување на енергетски контролори (Решение бр. 03-12/8 од 01.02.2017г.)

организира прв циклус

OБУКИ ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ СО ПОЧЕТОК ОД 26 ЈУЛИ 2017г.


Обуката се спроведува во согласност со член 135 од Законот за енергетика (Службен весник на РМ“ бр.16/11;136-11;79-13;164-13;41-14;151-14;33-15;192-15;215-15;6-16;53-16;189-16;) и Програмата за усовршување на енергетски контролори утврдена со Правилникот за енергетска контрола.

Ги покануваме заинтересираните енергетски контролори кои сакаат да ја посетуваат Обуката за усовршување на енергетски контролор да се пријават со доставување на:

• пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ (преземете тука),
• копија од Овластување за енергетски контролор, и

Рокот за пријавување е 24 јули, 2017 г. до кога е потребно да се достави и доказ за уплата
Примери за пополнета уплатница за физички лица можете да преземете тука, а за правни лица тука


Документите се доставуваат на e-mail, по пошта или во канцеларијата на ЦеПроСАРД.

Првата обука ќе започне во среда на 26 Јули 2017 со почеток во 17,00 часот, а планирано е да заврши до сабота 29 Јули 2017.

Согласно пропишаната Програма, времетраењето на обуката е 16 часа.


За повеќе информации ве молиме обратете се на:

info@ceprosard.org.mk
Т. +389 2 3061 391, или
во просториите на ЦепроСАРД
на ул. “1550“ бр. 8a Визбегово, Скопје


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap