EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Тимот на ЦеПроСАРД како консултантска куќа ангажирана од Општина Чаир за изработка на стратегиски развоен плански документ „Платформа за Локален Економски развој за периодот од 2014-2020 година на Општина Чаир” на 27.05.2014 година во 11 часот во големата сала во административната зграда на Општина Чаир ја одржа 1-та работилница

На 27.05.2014 година во 11 часот во големата сала во административната зграда на Општина Чаир се одржа 1-та работилница за изработка на стратегиски развоен плански документ „Платформа заЛокален Економски развој за периодот од 2014-2020”.

Воведно излагање имаше Градоначалникот на општина Чаир г-дин Изет Меџити кој се осврна за значењето на стратегискиот документ и поддршката што општината ја дава во спроведување на активности во насока на економскиот развој. При што истакна дека овој развоен документ ќе биде основа за севкупен развој на општина Чаир за период 2014-2020 година и ќе се изработи јавен и транспарентен начин со вклучување на голем број на граѓани, институции, Здруженија на граѓани и бизнис секторот кои делува во рамките на општината и пошироко, и со вклучување на експерти од сите области кои ќе придонесат за подобар економски развој. Со изработката на Платформа заЛокален Економски развој ќе се обезбеди квалитетна развојна рамка за општина Чаир со цел да се зголеми стандардот и квалитетот на живеење на сите граѓани во општина Чаир.

Претставникот од консултантскиот тим на ЦеПроСАРД, г-ѓа Габриела Мицевска ја презентираше методологијата и начинот на изработка на документот во сите фази и тоа: подготовка, истражување, дефинирање на цели, активности, резултати и финални заклучоци.

На крајот од работилницата беа формирани работни групи и притоа беа избрани координатори и заменици координатори во следните области:

Област 1: ИНФРАСТРУКТУРА И УРБАНИЗАМ

Област 2: ЕКОНОМИЈА СО ОСВРТ НА РАЗВОЈ НА МСП И ЗАНАЕТЧИСТВО

Област 3: КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ (ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА)

Област 4: ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Област 5: РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЗАШТИТА НА СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА

Област 6: ЕДУКАЦИЈА И ОБРАЗОВАНИЕ (ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ)

Работилницата заврши во 14 часот со договор на работните групи за идни активности кои ќе ги координира Одделението за ЛЕР во општина Чаир. Граѓаните на општината се поканети да партиципираат во работните групи.
Во прилог на документот доставен е список на членовите на работните групи.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap