EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Тренинг центар на ЦеПроСАРД за искористување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност

Тренинг центарот е направен по принципите на енергетска ефикасност и во него е инсталирана показна опрема за искористување на обновливи извори на енергија како фотонапонски панел, термален панел, ветерница за производство на електрична енергија како и друга дополнителна опрема. На тој начин учесниците на обуките ќе можат и практично да видат како функционира опремата за искористување на обновливи извори на енергија и што значи енергетски ефикасна градба. Тренинг центарот има капацитет од 35 места, и располага со најсовремена опрема за одржување на обуки. ЦеПроСАРД воедно располага и со обучен и сертифициран тим за спроведување на обуки од различни области.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap