EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Презентација и работилница на ЦеПроСАРД во рамки на „Агробизнис форум 2012“ на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје

Вториот Агробизнис форум во организација нa АИЕСЕК Скопје, а со поддршка на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа во периодот 18-20.12.2012 година.
Целта на тридневниот форум е да им овозможи на студентите дополнително теоретско и практично знаење од областа која ја студираат и нивно активно учество во предавањата.

Активностите на форумот беа поддржани и од ЦеПроСАРД кој на 19.12 2012 г. учествуваше со презентација на тема „Енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во земјоделството“, а на 20.12.2012 г. одржа интерактивна работилница „Можности за заштеди на фарма преку искористување на обновливи извори на енергија и подобрување на Енергетската Ефикасност.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap