EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Обука на тема „Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија” за ученици од 10-те основни училишта од Општина Карпош

На 3 и 4 Декември ЦеПроСАРД организираше обука на тема „Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија” на која учествуваа ученици од 10-те основни училишта од Општина Карпош.

На оваа обука земаа учество 50 ученициод 5-8 одделение кои слушаа презентации на тема енергетска заштеда, ефикасност и добивање енергија од обновливи извори. Притоа им беа покажани и практични примери во нашиот демонстративен тренинг центар каде што се одржа обуката, и каде што учениците можеа и одблиску да ја видат технологијата која им беше објаснета на предавањата. На крајот следеше квиз каде слушателите поделени по групи ги покажаа знаењата кои ги стекнаа, и освоија награди.

Во прилог на обуката, учениците беа информирани и за натпреварот „Моја еко-куќа” организиран од ЦеПроСАРД во соработка со Општина Карпош кој ќе се одржи на 21 Декември, 2012 година, на која, учениците кои присуствуваа на обуките ќе ги претстават своите проекти и замисли за енергетска ефикасна куќа. Стручно жири ќе ги разгледа проектите и на најдобро осмислениот ќе додели вредна награда.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap