ISO 9001:2008         ISO 14001:2004

тип на инвестиција 30242







30242/1 Изградба/Реконструкција
30242/11 Градежни материјали/компоненти за изградба/реконструкција на земјиште/објекти за обезбедување на сместување на отворено (кампинг простор, бунгалови, автокампови ) и придружна угостителска услуга (готвење и послужување на храна), и за поставување/чување на потребната опрема
30242/12 Градежни материјали/компоненти за поставување/реновирање на придружни рекреативни капацитети (спортски капацитети (затворени и отворени); велосипедизам/пешачење/ планинарење; објекти за чување коњи, простор за јавање; рибници и риболовни инсталации; капацитети за рекреација на отворено; игралишта; зоолошки градини и поставување на потребната опрема
30242/13 Градежни материјали/компоненти за изградба/реконструкција на објекти за вклучување на помошни простории (складирање на постелнина, алати за поправка, залихи, итн.) и обезбедување пристапни рампи за инвалиди до објектите/локациите и дополнителни посебни сместувачки и санитарни услови
30242/14 Градежни материјали/компоненти за обезбедување на хигиенски и санитарни услови (вклучувајќи складирање на хигиенски и санитарни производи и простор за вработените), административен простор и за поставување на потребната опрема
30242/15 Градежни материјали/компоненти за изградба/реконструкција на земјиште/објекти за постигнување на стандарди за животна средина за третман и прочистување на воздух/вода, управување со отпад и за поставување/чување на прифатливата опрема
30242/16 Градежни материјали/компоненти за инсталација на комуналии за водоснабдување, системи за вентилација, системи за греење/ладење, микроклиматски услови, производство на електрична енергија и инсталации за напојување и електрични инсталации, одвод, канализациони мрежи/резервоари, третман на отпадна вода/вода, практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии
30242/17 Градежни материјали/компоненти за изградба/реконструкција на земјиште/објекти за обезбедување локации на отворено вклучително дворно уредување, декорација на градина, градинарски патеки, фонтани, надворешно осветлување, скара на отворено, ботаничка оранжерија, засолништа за седење/одмарање, осматрачници, излетнички маси и столови итн.
30242/18 Градежни материјали/компоненти за обезбедување на пристапни патишта и патна мрежа за извршување на работните операции и оградување на просторот околу прифатливите капацитети
30242/2 Опрема
30242/21 Опрема за обезбедување на комуналии за водоснабдување, системи за вентилација, системи за греење/ладење, микроклиматски услови, производство на електрична енергија и инсталации за снабдување и електрични инсталации, одвод, канализациони мрежи/резервоари, третман на отпадна вода/вода, практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии
30242/22 Опрема за хигиенски и санитарни услови (вклучително складирање на хигиенски и санитарни производи и простор за вработените), опрема за чистење и дезинфекција
30242/23 Опрема за угостителство и кујнска опрема вклучително кујнски прибор и прибор за угостителство (со исклучок на предмети за домаќинство и залихи за угостителство), столарија за трпезарии (со исклучок на декоративни додатоци)
30242/24 Опрема за дворно уредување, декорација на градина, градинарски патеки, фонтани, надворешно осветлување, скара на отворено, ботаничка оранжерија, засолништа за седење/одмарање, осматрачници, излетнички маси и столови итн.
30242/25 Опрема за обезбедување на рекреативни капацитети-спортски капацитети (затворени и отворени); велосипедизам/пешачење/ планинарење; објекти за чување коњи, простор за јавање; рибници и риболовни инсталации; капацитети за релаксација (затворени и отворени); игралишта; зоолошки градини;
30242/26 Опрема за јавање на коњи и магариња
30242/27 Опрема за веслање, чамци на дување и педалинки, кануа
30242/28 Опрема за пристапни рампи за инвалиди и посебна санитарна опрема, како и опрема за престој на инвалидни лица;
30242/29 Опрема за управување со отпад, отстранување, складирање и третман (вклучително опрема за преработка на отпад во нус-производи), станици за филтрирање/пречистување на вода
30242/30 Компјутерска опрема и компјутерски софтвер (поврзани со прифатливите инвестиции и за управување со дејноста рурален туризам)


Опис на корисници и специфични критериуми за група на инвестиции за промоција на руралниот туризам (30241 и 30242)

1. Проекти поврзани со руралниот туризам треба да се однесуваат на воспоставување или модернизација на земјиште / објекти за обезбедување на:
  • Внатрешно сместување (соби, апартмани, B&B, колиби со самопослужување)
  • Угостителска дејност (готвење и служeње храна)
  • Сместување на отворено (кампови, бунгалови, кампови со приколки)
  • Комбиниран услуги - сместувачки и угостителски услуги
  • Обезбедување на соби за дегустација / продажни места за директен маркетинг на производи
  • Рурални музеи (изразувајќи историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други погодности на рурална област)
  • Рекреативни активности
2. Проектите поврзани со рекреативни активности мора да бидат надополнети со обезбедување на рурално сместување и / или угостителски услуги од страна на баратело со капацитет како што е опишано во точка 7), 8) и 9), и да се наменети за обезбедување на:
  • Спортски објекти (отворени и затворени) и опрема;
  • Велосипедизам / пешачење / опрема за качување;
  • Објекти за одгледување на коњи,места за јавање и опрема;
  • Рибници и опрема за риболов;
  • Велнес објекти (отворени и затворени ) и опрема;
  • Игралишта и опрема;
  • Објекти за зоолошка градина и опрема;
3. Проектите поврзани со руралниот туризам може да се однесуваат и на инвестиции во обезбедување на простории за обуки и семинари како надополна на руралното сместување и / или угостителството со капацитет како што е опишано во точка 7), 8) и 9);
4. Проекти поврзани со руралниот туризам мора да придонесе за создавање на работни места во руралните области и да демонстрираат ангажирање на најмалку еден вработен (самовработување или вработување на член од семејството) во рок од три години по реализација на инвестицијата;
5. Проекти кои се однесуваат на инвестициони активности за рурален туризам надополнети со инвестиции во винскиот туризам (т.е. соби за дегустација, винарските визби) мора да се наоѓа на винските региони на општините Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Градско и Росоман;
6. Проектите во инвестиции во изградба / реконструкција на објекти мора да се во склад со традиционалната архитектура на рурална област докажано преку Технички цртежи дизајнирани од страна на овластен архитект и поддржани со фотографски докази за постоечкиот традиционален градежен стил како додаток на апликацијата.
  • Технички цртежи мора да биде надополнета со писмен елаборат за градежниот стил и материјалите што се користат на традиционалните објекти во руралната област и / или стилот на градба на најблиската руралните населби за поддршка на изборот на архитектонскиот дизајн на предложената изградба / реконструкција;
  • Во случај кога зградата е наведена како заштитеното културно наследство или е во заштитени зони на културното наследство, барањето треба да е во согласност со одредбите утврдени во националното законодавство за заштита на културното наследство.
7. Барател - Земјоделско стопанство мора да бидат регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при поднесување на барањето за поддршка.
  • Во случај подносителот на барањето е земјоделско стопанство кое предлага инвестиции во руралниот туризам поврзано со дегустација соби / места за продажба за директен маркетинг на вино, барателот мора да покажат минимум годишен капацитет на лозови насади еквивалентно на годишниот производство на вино од 20 хл до 400hl при поднесување на барањето за поддршка;
  • Капацитетот за внатрешна сместување на земјоделското стопанство не смее да биде повеќе од 10 соби (вклучувајќи апартмани) за сместување на максимум 30 лица (невклучувајќи ги дополнителните кревети за деца);
  • Капацитетот на угостителскиот објект / објектот за дегустација може да бидат организирани за послужување на храна на максимум 60 гости;
8. Барателот - Трговско друштво или Трговец поединец мора да бидат регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија како микро или мало претпријатие (согласно А.3 Општа дефиниција на корисници и општи услови) кои се занимаваат со туризам, угостителство, земјоделството, шумарството и ловството, рибарството и аквакултурата или производство на вино и со седиште во руралната област каде што е лоцирана инвестицијата;
  • Во случај подносителот на барањето да е производител на вино, мора да биде регистрирана во Регистарот на производители на вино во МЗШВ при поднесување на барањето за поддршка;
  • Во случај подносителот на барањето да се занимава со рибарството и аквакултурата, мора да биде регистриран во регистарот за аквакултура во МЗШВ при поднесување на барањето за поддршка;
  • Капацитетот за внатрешна сместувањето не смее да биде повеќе од 30 соби за сместување на максимум 50 лица (невклучувајќи ги дополнителните кревети за деца) и максимум 30 сместувачки единици или да се сместат 90 гости одеднаш во случај на сместување на отворено;
9. Капацитетот на угостителскиот објект / објектот за дегустација може да бидат организирани за послужување на храна на максимум 70 гости.
10. Физичките лица може да аплицираат за поддршка на инвестиции за рурален туризам во согласност со одредбите во националното законодавство за угостителството. Во овој случај:
  • Земјата / зграда предмет на инвестиции мора да бидат во сопственост на барателот - физичко лице и да се наоѓа на нивната постојана адреса на живеење во рурална област;
  • Капацитетот за внатрешно сместувањето не смее да биде повеќе од 10 соби за сместување на максимум 20 лица (невклучувајќи ги дополнителните кревети за деца) и 10 сместувачки единици или да се сместат 30 гости одеднаш во случај на сместување на отворено;
  • Капацитетот за угостителска дејност мора да бидат организирани за послужување исклучиво на доручек во максимален капацитет од 50 гости. Унветициите во вршење на угостителска дејност мораат да бидат надополнети со сместувачки капацитети.
11. Покрај исполнување на одредбите од националното законодавство за угостителство, удобност и квалитетот на услугите, исто така инвестициите треба да бидат во согласност со Табела на минималните стандарди за квалитет во Прилог 6, добиени од EUROGITES класификација за руралните сместување;
12. Барателот на инвестиции во аквакултура, рибници и риболов мора да имаат концесија за искористување на рибници или речните сливови согласно со одредбите во националното законодавство за води и рибарството и аквакултурата на крајот на инвестицијата;
13. Проектот мора да вклучува инвестиции за да се исполнат соодветните санитарни, хигиенски и еколошки барања на крајот на инвестицијата;

*Содржаните податоци имаат информативен карактер и ЦеПроСАРД не превзема никаква одговорност за евентуалните отстапки од информациите содржани во официјалните документи
АКТУЕЛНО
1. ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2013 за доставување на барање за користење...  повеќе
2. РАСПОРЕД НА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2013  повеќе

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap