ISO 9001:2008         ISO 14001:2004
Контактирајте не
име
e-mail
порака
дома
ипард
мерка 302
тип на инвестиција 30222
sitemap
Деловен план
Подготовка
за користење на Excel модел за пресметка на финансиска анализа...
Упатство
за изготвување деловен план
Упатство
за изготвување технички предлог
Барање
за издавање на документација од МЗШВ потребна за...
Корисни линкови
www.mzsv.gov.mk
www.ipard.gov.mk
www.ipardpa.gov.mk
Тип на инвестиција 30222
ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГРАДЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ, СМЕСТУВАЊЕ НА ОТВОРЕНО (КАМПОВИ) И КАПАЦИТЕТИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА
Прифатливи проекти
Прифатливи се следниве инвестициони активности:
изградба на простории за угостителство (простории за приготвување и послужување на храна и пијалоци, приготвување оброци заради консумирање на друго место),
набавка на опрема за угостителство (простории за приготвување и послужување на храна и пијалоци, приготвување оброци заради консумирање на друго место),
изградба на места за сместување на отворено (место за кампување),
изградба на капацитети за рекреација
инвестиции во дополнителни инсталации за да се задоволота санитарните, хигиенските и стандардите за заштита на животната средина.
Напомена: Не се прифатливи самостојни проекти за изградба на рекреативните капацитети кои не се поврзани со постоечки или планиран угостителски капацитет во рамки на проектот.
Прифатливи специфични трошоци
набавка на материјали за градба и елементи за конструкција за изградба на нови објекти или за подобрување на постојните за обезбедување угостителски услуги вклучително придружни капацитети, санитарно/хигиенски барања, обезбедување пристап за хендикепирани лица, место за излет, специјални санитарни услови, обезбедување на рекреативни капацитети (базени за капење, отворени и затворени спортски терени, коњичко јавање, велосипедизам, риболовство и игралиште за деца);
набавка на опрема за водовод и електрична енергија, системи за греење, вентилација, климатизација и канализационен систем;
набавка на опрема за третман на вода и прочистителни станици за земјоделско стопанство или надвор од земјоделско стопанство;
набавка на опрема за угостителство и кујни вклучително и прибор (исклучувајќи предмети за домаќинство и залихи за угостителство), трпезариски мебел (исклучувајчи декоративни додатоци);
набавка на опрема за обезбедување на рекреативни капацитети – базен за капење, спортски терени, штала за коњи, терени за јавање, велосипедизам, игралишта, платформи за риболов и др.);
набавка на опрема за јавање;
набавка на телевизори, сателитски ресивери, радија и аудио опрема;
набавка на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за административни цели;
набавка на опрема за задоволување на санитарни,хигиенски и еколошки стандарди за сместување на отворено;
набавка на опрема за овозможување пристап на хендикепирани лица надвор и внатре во објектите и специјални санитарни услови;
услуги за работа извршени од трети лица како
градежни работи вклучувајќи рушење и чистење на теренот за градба, подготовка на теренот за градба и поставување на елементи за конструкција и материјалите за градба, инсталација на опрема за водовод и електрична енергија, системи за греење и вентилација и климатизација, канализационен систем, инсталација на прифатлива опрема, инсталација на компјутерска опрема и компјутерски софтвер за административни цели.
Неприфатливи специфични трошоци:
Не е прифатлива набавка на декоративни додатоци, постелнина, крпи, предмети за домаќинство, залихи за угостителство и набавка на животни.
*Содржаните податоци имаат информативен карактер и ЦеПроСАРД не превзема никаква одговорност за евентуалните отстапки од информациите содржани во официјалните документи
АКТУЕЛНО
1. ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2013 за доставување на барање за користење...
повеќе
2. РАСПОРЕД НА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2013
повеќе
изработено од
Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook
linkedin
email
sitemap