ISO 9001:2008         ISO 14001:2004
Контактирајте не
име
e-mail
порака
дома
ипард
мерка 103
финансирање
sitemap
Деловен план
Подготовка
за користење на Excel модел за пресметка на финансиска анализа...
Упатство
за изготвување деловен план
Упатство
за изготвување технички предлог
Барање
за издавање на документација од МЗШВ потребна за...
Корисни линкови
www.mzsv.gov.mk
www.ipard.gov.mk
www.ipardpa.gov.mk
5. Финансирање за Мерка 103
Процентот на помош доделена на прифатените проекти изнесува до 50% од вкупно прифатливиот трошок. ВО рамките на оваа мерка, најмалата вредност на вкупните прифатливи трошоци по инвестиција изнесува 15.000 евра (минимална граница), а најголемата вредност е 400.000 евра од вкупните прифатливи трошоци, што е предмет на следниве услови:
- кога барателот поднесува барање за инвестиција која е во согласност со стандардите на Европската Унија вкупната инвестиција неможе да го надмине лимитот од 400.000 евра;
- ако инвестицијата го унапредува и усогласува целовкупниот производен капацитет со стандардите на Европската Унија тогаш вкупната прифатлива инвестицијаможе да достигне до 800.000 евра;
- највисоката вредност од 800.000 евра може да се надмине се до вредноста од 3.000.000 евра само за инвестиции како што се воспоставување на нов кланичен капацитет за живина кој мора во целост да ги исполнува стандардите на Европската Унија.
Еден корисник може да поднесе повеќе барања за користење на средства за инвестиции во рамки на мерка 103, доколку предходно одобрените проекти се реализирани и целосно исплатени. За финансискиот период 2007-2013 корисникот може да користи средства за инвестиции од мерка 103 во максимален износ од 1.100.000 евра .
Корисниците – правните лица се обврзани да ги чуваат сите сметководствени податоци најмалку 5 години по спроведување на инвестицијата. Корисникот треба да соработува и да ги достави бараните информации до службените лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ИПАРД агенцијата или Европската Комисија овластени за контрола и ревизија на спроведување на проектот, како и Националниот офицер за авторизација/Национален фонд и ревизорското тело.
Во случај кога финансиската поддршка не се користи за планираната цел или кофинансираната опрема и објекти се продаваат или даваат под наем во период од 5 години по завршување на крајната исплата, АФПЗРР ке поведе постапка за повраток на средства.
*Содржаните податоци имаат информативен карактер и ЦеПроСАРД не превзема никаква одговорност за евентуалните отстапки од информациите содржани во официјалните документи
АКТУЕЛНО
1. ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2013 за доставување на барање за користење...
повеќе
2. РАСПОРЕД НА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2013
повеќе
изработено од
Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook
linkedin
email
sitemap