ISO 9001:2008         ISO 14001:2004
Контактирајте не
име
e-mail
порака
дома
ипард
мерка 101
финансирање
sitemap
Деловен план
Подготовка
за користење на Excel модел за пресметка на финансиска анализа...
Упатство
за изготвување деловен план
Упатство
за изготвување технички предлог
Барање
за издавање на документација од МЗШВ потребна за...
Корисни линкови
www.mzsv.gov.mk
www.ipard.gov.mk
www.ipardpa.gov.mk
5. Финансирање за Мерка 101
Редовната стапка на ко-финансирање на прифатливите трошоци за инвестициите изнесува 50%. Стапката на ко-финансирање се зголемува до 55% во случај кога носителот на земјоделското стопанство е на возраст од 18 до 40 години.
Вкупната вредност на прифатливи трошоци за ко-финансирање по поединечен корисник изнесува во минимален износ на прифатливи трошоци од 5.000 евра до максимален износ од 200.000 евра, во случај кога инвестициите се во соглсност со стандардите на Европската Унија.
Максимална вредност на прифатливи трошоци за ко-финансирње по поединечен корисник може да изнесува до 400.000 евра во случај кога инвестициите се наменети за прилагодување на целото земјоделско стопанство кон стандардите на Европската Унија.
Еден корисник може да поднесе повеќе барања за користење на средства за инвестиции од мерка 101 доколку претходно одобрените проекти се целосно реализирани и исплатени. Еден корисник може да користи средства за инвестиции од мерка 101 во максимален износ од 530.000 евра за финансискиот период 2007 – 2013.
Напомена: АФПЗРР нема да одбива проекти кои ги надминуваат овие износи доколу бараниот износ за кофинансирање е во рамките на максимално дозволениот износ, како што е наведено погоре.
Останати износи на ко-финансирање:
1. За инвестиции во обновување на постоечки лозови и овошни насади:
- Вкупните прифатливи трошоци за опрема и механизација за проектите за реконструкција на лозовиот и овошниот насад (без трошоците за микро иригациони системи) да не бидат поголеми од 35% од вкупните прифатливи трошоци предвидени со проектот (не вклучувајки ги општите трошоци).
2. За инвестиции во изградба и обновување на оранжерии (пластеници и стакленици):
- Вкупните прифатливи трошоци за опрема и механизација за проектите за изградба или модернизирање на оранжерии (пластеници и стакленици)(без трошоците за микро иригациони системи) да не бидат поголеми од 25% од вкупните прифатливи трошоци предвидени со проектот (не вклучувајки ги општите трошоци).
3. За инвестиции во модернизација на одгледување на зелнчук на отворено:
- Вкупните прифатливи трошоци на инвестиција во земјоделска опрема (со исклучок на вкупно прифатливите трошоци за инвестиции во систем за наводнување) не треба да надминуваат 25% од вкупните прифатливи трошоци предвидени во рамките на буџетот на проектот.
4. За инвестиции во изградба/обновување на објектите за одгледување на молзни крави, овци и кози:
- Вкупните прифатливи трошоци за опрема за молзење и ладење да не бидат поголеми од 35% од вкупните прифатливи трошоци предвидени со проектот (не вклучувајки ги општите трошоци),
- Вкупните прифатливи трошоци за подобрување на објекти за чување на сточна храна и амбари за сено кои вклучуваат и опрема за складирање и производство на сточна храна да не бидат поголеми од 45% од вкупните прифатливи трошоци предвидени со проектот (не вклучувајки ги општите трошоци).
5. За инвестиции во изградба/обновување на објектите за одгледување на маторици и свињи во тов:
- Вкупните прифатливи трошоци за подобрување на објекти за чување на сточна храна и амбари за сено кои вклучуваат и опрема за скалдирање и производство на сточна храна да не бидат поголеми од 25% од вкупните прифатливи трошоци предвидени со проектот (не вклучувајки ги општите трошоци).
6. За инвестиции во воспоставување на нови живинарски капацитети на земјоделски стопанства за одгледување на бројлери и модернизација на постоечките:
- Вкупните прифатливи трошоци за набавка на прифатлива опрема да не бидат поголеми од 45% од вкупните прифатливи трошоци предвидени со проектот (не вклучувајки ги општите трошоци).
*Содржаните податоци имаат информативен карактер и ЦеПроСАРД не превзема никаква одговорност за евентуалните отстапки од информациите содржани во официјалните документи
АКТУЕЛНО
1. ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2013 за доставување на барање за користење...
повеќе
2. РАСПОРЕД НА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2013
повеќе
изработено од
Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook
linkedin
email
sitemap