ИПАРД информаторот е ажуриран согласно повик 01/2013
ИПАРД Информатор
ИПАРД информаторот ви овозможува брзо и едноставно да дојдете до корисни информации во текот на процесот на аплицирање за средствата од ИПАРД.
Информаторот содржи база на податоци која опфаќа лица, приватни фирми, невладини организации и консултантски компании од Република Македонија кои се во можност да обезбедат услуги во областите од земјоделско производство, после бербени активности, преработка, продажба, како и планирање и развој на бизнисот во руралните средини. Со нејзино пребарување може да добиете информации за набавка на опрема, потребни репроматеријали, како и консултации при избор на технологии за производство и други консултантски услуги.
Доколку сакате да се регистрирате во базата на податоци на ИПАРД Информаторот, формуларот можете да го симнете
тука , да го пополните и да го испратите на нашиот e-mail:
info@ceprosard.org.mk
Што е ИПАРД?
Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД (2007 – 2013) за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.
Мерки по ИПАРД
ИПАРД фондовите задолжително се трошат по утврдените мерки во ИПАРД Програмата и тоа за:
- Мерка 101 - Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
- Мерка 103 - Инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
- Мерка 302 - Инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности
Цели на ИПАРД
Основните придобивки за Република Македонија од реализација на ИПАРД Програмата (2007-2013) се:
2013) се:
-
Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската Унија преку реструктуирање и надградба на земјоделско- прехрамбениот сектор до стандардите на ЕУ како и преку зголемување на конкурентноста на земјоделските и земјоделско прехрамбените производи со цел подготовка на земјоделскиот сектор за пристап кон ЕУ.
-
Развој на руралната економија преку диверзификација на економските активности во руралните средини со цел да му се овозможи на руралното население дополнителни извори на приход и отварање на нови можности за вработување во руралните области.